Дваесетидвегодишниот Александер Уртула, студент на Универзитетот во Бостон, се самоубил по месеци тортура од страна на неговата девојка. Како што покажа истрагата, Инјанг Ју (21) постојано му испраќала пораки да се самоубие.

Девојката е обвинета за убиство од небрежност, помеѓу останатото и затоа што била присутна кога тој скокнал од покривот на гаражата на хотелот, само неколку часови пред прославата за дипломирањето. Обвинителите додаваат и дека Ју, која исто така студирала на Универзитетот во Бостон, психички, вербално и физички го злоставувала Александар во текот на 18 месеци, колку што траела нивната врска. Ова го откриле од пораките пронајдени во нејзиниот телефон. Повеќе пати на несреќното момче му пишувала да се убие и да умре зашто на целиот свет, на неговото семејство и неа ќе им било подобро ако него го нема.

Обвинетата во моментот се наоѓа во родната Јужна Кореја, а обвинителството се надева дека доброволно ќе се врати во САД. Во спротивно, како што изјавуваат од Обвинителството, ќе ги покренат сите механизими да ја вратат во државата.

Обвинителството детално го опишува начинот на злоставување и манипулација кои Александар ги трпел во врската со Ју. Заканите биле секојдневие, а врз момчето таа вежбала целосна контрола иако знаела дека тој се бори со депресија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.