Струга подготвена за Свечената масовна литија по повод големиот народен празник Ѓурѓовден .

Со огромна чест ве известуваме дека, на 7 мај (вторник), во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, ќе можеме да учествуваме на еден од најубавите и највесели настани во нашата земја – свечената Еордија (литија), со светите мошти на Великомаченикот Георгиј, кои во Струга веќе неколку години се носат од манастирот во Рајчица. Меѓу другото, литијата ќе биде збогатена и со чудотворната икона “Богородица Крнинска”, како и чудотворната икона на Св. Георгиј од Струга.

Со почеток во 16:00 часот, ќе биде отслужена празнична ктиторска вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на вечерната и панихидата за ктиторите, ќе следува свечената Еордија ( Литија)

Поаѓање: 7мај Вторник , во: 13:30 h

Само Локација: Дрводекор ( без попатни земања)

Враќање кон Скопје истиот ден во вечерните часови

Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј.

Секое патување е наша радост во слава на Бога повелете сите сте добродојдени ова патување и превоз ќе биде Бесплатен .
Споделете го на вашите ѕидови и земете учество на ова Божествена прослава, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.