Во црква треба да сме пристојно облечени. Зачудува фактот што луѓето никогаш не прашуваат како треба да се облечат за на театар и кино, или кога одат на гости кај пријателите, а кога одат на „гости“ во црковниот храм, кога пристапуваат на Неговата Света Трпеза од којашто го добиваат дарот на животот – или беспотребно празнословат за начинот на облекување, или пак, воопшто не обрнуваат внимание на тоа како се облечени.
Непристојно е да влегуваме во храмовите со гуми за џвакање; непристојно е со рацете ставени во џеб да ги набљудуваме нашите браќа и сестри кои се трудат да се молат, или гласно да разговараме на мобилен телефон.
Како што во своите и домовите на нашите ближни се придржуваме до определни правила на однесување, за животот во заедница да ни биде олеснет и да послужи за меѓусебна радост, почит и љубов, така и во храмот треба да бидеме природни, без да се претвораме во робови на правилата, за на тој начин да не го заробиме духот на љубов и молитва, но на истиот начин не треба да се однесуваме ниту небрежно и без почит.
Жените внимателно да пристапуваат кон црковните врати. Забрането е голи, со кратки здолништа и разголени рамења да пристапуваат на прагот на црквата.
Соблазнувањето е голем грев, затоа треба да внимаваме.
Лицето на жената треба да е чисто, да нема шминка и да не целива икони доколку не го испочитува правилото.
Задолжително е во божјиот храм да се влезе во долго здолниште и шамија и уште поважно да се пристапи со чиста мисла и душа.
Христијанските закони го налагаат ова, а верниците да ги почитуваат црковните правила и закони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.