Дваесет и двегодишната Серша Кенеди, внука на Роберт и Џон Кенеди, вчера почина во болница , најверојатно од предозирање, пренесуваат американските медиуми.
Трагедијата се случила во домот на нејзината баба Етел Кенеди (91) во Хјанис Порт во Масачусец. Била повикана итна помош, која ја пренела во болница каде што е прогласена смрт. Иако за смртта на девојката нема детали, медиумите објавуваат дека таа страдала од депресија.
Депресијата ми се појави на крајот на основното училиште и ќе остане да ме следи до крајот на животот, напиша таа во 2016 година за студентскиот магазин на Колеџот Бостон каде студираше комуникации.
Полицијата почна истрага за нејзината смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.