На интернет мрежата се појавија многу видеа од луѓе кои стојат на автопат во Њу Џерси за да снимат летечки објект за кој се претпоставува дека е НЛО. Повеќето од нив се убедени дека тоа што го виделе е всушност летечка чинија .

Во живо се вклуичи и Маја, девојка од Македонија, според говорот најверојатно од Кавадарци. Во видеото се слуша како зборат на Македонски: „не е можно, дали ова се вонземјани, што се случува?“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Majski (@maja_majski) on

Сепак, видеото од летечкиот објект што изненади илјадници всушност е цепелин, кој летал наоколу во областа. Но, за момент сепак изненади многумина кои мислеа дека станува збор за летечки објект од вселената.

Корисник на мрежата „Редит“ се огласи и сподели дека ја пронашол траекторијата на летот на цепелинот кој се гледал како лета наоколу во Њу Џерси.

Сепак, некои не се убедени во ова и ги продолжија своите размислувања дека станува збор за неидентификуван летечки објект.

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.