Во време кога се сè менува поради пандемијата со ковид-19, се менува и протоколот во авио сообраќајот, во насока на заштита и на патниците, но и на екипжот во авионите.

AirAsia е пионир во понудата на заштитна облека за екипажот. Благодарение на филипинскиот дизајнер со седиште во Лос Анџелес, Puey Quinones ја претстави својата нова униформа. Униформата во впечатлива црвена боја, карактеристична за компанијата, вклучува медицинска маска, заштитен визир, ракавици и специјално дизајнирано, заштитно, одело. Патниците, за прв пат, ќе бидат придружувани од стјуардите облечени од глава до пети во опрема за лична заштита.

Од авиокомпанијата велат дека тоа ќе им помогне на клиентите и вработените да останат безбедни во воздухот за време на пандемијата на коронавирус.

Персоналот ќе мора да ги носи новите униформи на сите домашни и меѓународни правци, а не се знае до кога.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.