Синот на Лепа Брена, пејачот Стефан Живојиновиќ неодамна во една телевизиска емисија зборуваше за приватноста. Покрај неговите неодамнешни успеси, тој откри дека подготвува нови изненадувања за публиката и дека летото го минува работно.

Како што честопати се зборува за периодот во животот на Стефан кога беше киднапиран, пејачот реши да стави крај на таа приказна и прозборе за тоа трауматично искуство.

Не ми пречат овие прашања. Мило ми е што се случи тоа, затоа што ме промени. Да ги цениме малку повеќе работите и да станеме посилни, тоа го научив од киднапирањето. Секогаш е добро да имате некои работи во животот што ќе ве удрат и ќе ви кажат дека животот е еден – рекол Стефан.

Кога го прашал водителот дали тоа било трауматско искуство за него, пејачот кратко одговорил: Тогаш, да, но сега не!“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.