мериканскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „животни“ групата демонстранти кои рушат споменици, повикувајќи ги безбедносните сили да ги приведат за уништување имот.
Ставете ги овие животни во затвор, сега, напиша американскиот претседател на Твитер, придружено со снимки од уривањето на споменик во Портланд.
Tрамп им посвети неколку објави на Твитер на демонстрантите, нарекувајќи ги „радикали“ и повикувајќи го ФБИ да ги приведе.
Тој подоцна на својот профил на социјалните мрежи напиша дека „Калифорнија и Њујорк отишле во пеколот“ и ги повика гласачите да го изберат него на изборите на 3 ноември.
Републиканскиот претседател ја продолжува својата политичка кампања со посета на Флорида, една од сојузните држави клучна за конечниот победник на претстојните избори. Тоа е првиот политички митинг на Трамп откако се излечи од коронавирусот.
Put these animals in jail, now. The Radical Left only knows how to take advantage of very dumb “leadership” fools. This is Biden! Law & Order! https://t.co/w0yH3SqnrB
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 12, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.