Руската старлета и позната инфлуенсерка Марина Лебедева починала во операционата сала откако посака да го промени изгледот на својот нос и затоа на клиниката Artibeaut во Санкт Петерсбург, пренесува Тhe Sun.
Како што се наведува операцијата ја чинела 4.700 евра, а оваа триесетгодишна инфлуенсерка починала поради несакано дејство од анестезијата.
Сан, пренесува дека против клиниката е покрената истрага, а на тоа инсистирал сопругот на Марина кој за тажната вест дознал кога се вратил од службен пат.
Марина зад себе освен сопругот остави и син.
Директорот на клиниката Александер Ефремов, изјави дека пациентката пред операцијата ги поминала сите тестирања.
-Верувам дека станува збор за некој генетски проблем кој доведе до компликации и заврши со смрт. Операцијата е спроведена по вообичаените стандарди – изјави докторот за весникот САН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.