Старицата Тереза Дојл (65) од Англија е позната по тоа што доаѓа на секој погреб во градот Слау, а причината е неверојатно банална – да се најаде и напие.

Така таа не пропуштила ниту еден погреб во последните 14 години. Откако ќе изјави сочуство на семејството и ќе го испрати покојникот, Тереза се „фрла“ на јадењето и пиењето кое го носи семејството.

Тереза секој пат оди погреб со велосипед. Од дома тргнува облечена во норамална облека, а потоа среде гробиштата облекува црнина и оди по капелите, тврдат нејзините соседи. Меѓутоа на старицата не и е гајле за тоа.

Маргарет Вајтхед неодамна ја погребала ќерка си и останала во шок кога видела како непозната жена се шета меѓу ожалостените на погребот. Таа вели дека Тереза се разборела со неа во текот на изјавувањето на сочуство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.