Компанијата Старбакс планира да отвори уште 22 илјади ресторани во светот во следните 10 години. Фирмата во моментов има 33.000 објекти, а целта е до 2030 година да имаат 55.000.

Старбакс, исто така, планира да изгради нови видови ресторани, меѓу кои се планираат и такви за нарачка и купување од автомобили.

Иако растеме од голема база, имаме доволно простор да ја прошириме мрежата на ресторани каде што нашиот бренд не е достапен – соопшти главната оперативна директорка на Старбакс, Росалинд Бруер.

Таа посочи дека со отворање на нови ресторани ќе се намали притисокот врз постојните.

Оваа компанија, како и многу други, се обидува да ги надомести загубите што ги претрпе за време на пандемијата на корона вирусот, откако забележа пад на продажбата во повеќето ресторани низ целиот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.