Нултиот пацинет со Ковид 19 во Италија, Матија Маестри (38) за италијанска Република раскажа како течела неговата борба со вирусот.

Овие два месеца беа пошокантни отколку што можев да замислам. Одеднаш се разболев, дојдов на чекор до смртта, па потоа станав од мртвите – рекол Матија.

Тој добил висока температура на 17 февруари и веднаш отишол во болница каде констатирале запаление на белите дробови, му дале антибитици и го испратиле дома. Откако за два дена состојбата му се влошила, тој е задржан во болница. Белите дробови му биле сериозно загрозени.

Никому не му било јасно што му е додека на една лекарка не и текнало да го тестира на Ковид 19, иако дотогаш во Европа немало случај на корона.

Го заспале во Кодоња, а потоа го префриле во болница во Павија каде се разбудил дури после 20 дена.

Во кома го сонував предворјето на смртта, сега гледам сонце- го опишал пациентот своето пеколно искуство.

Во меѓувреме се открило и дека неговата бремена жена, мајка му и татко му се исто така болни. Татко му починал, а мајка му и жена му оздравеле и сега тој  е татко на здраво девојче.

Сепак нејасно е кој нему му го пренел вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.