Српскиот претседател Александар Вучиќ со емотивна порака на неговиот Инстаграм профил и честиташе роденден на својата мајка и и се извини што немал време за неа.

Ова на сликата сме мајка ми и јас, сепак, пред четириесет години. Денес на Анѓелина, мајка ми и е роденден. Покрај честитките сакам да и се извинам што никогаш немав доволно време за неа, никогаш не знаев како да покажам толку многу љубов, како што таа несебично ми ја даде на мојот брат и мене и да ги замолам сите луѓе да не прават грешки во однос на нивните родители каква што направив јас и за која денес се каам. Најголемата од нив е дека се друго за мене отсекогаш било поважно од вниманието што требало да го посветам на мајка ми, барем илјадатиот дел од она што таа ми го даде. И, да, некои ми велат, добро, тие се стари луѓе, а мојот одговор е дека мајката и таткото никогаш не се стари. Мајко, да си жива и здрава и се надевам дека твоите внуци ќе ти вратат барем дел од она што не ти го дадов – напиша претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.