Српскиот актер Тихомир Арсиќ долго не се појавуваше во јавноста, а откако се појави на свечената промоција на новите поручници на Српската армија, многумина не го познаа. Имено, актерот веќе две години се бори со рак на панкреасот.

Имам 30 килограми помалку, две години со борам со оваа болест. Требаше да глумам во филм, во кој се зборуваше за добар човек кој умира од рак и тогаш дознав дека имам рак на панкреасот, кажа тој за „Блиц“.

Инаку Тихомир Арсиќ е театарски, телевизиски и филмски актер, препознатлив по улогите во филмот „Голем транспорт“, „Игмански марш“, „Пејзажи во магла“…

Од 2011 година тој е во брак со балерината Јелена Ќосиќ со која ги има ќерката Вера и синот Арсение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.