Српската актерка Светлана Бојковиќ (74), која македонската јавност најмногу ја препознава по улогата на Емилија Попадиќ во тв-серијата „Подобар живот“ е хоспитализирана поради коронавирус, објавија српските медиуми.
Бојковиќ е во болница бидејќи има воспаление на белите дробови. Но, нејзината состојба е стабилна. Во болница е поради тоа што порано имала кардиоваскуларни проблеми.
Точно е, во болница сум, но добра сум. Излегувам за неколку дена, изјавила за „Нова.рс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.