Срѓан Керим е назначен за да го претставува хрватскиот град Опатија, каде што тој има адреса на живеење, во развивање на меѓународни соработки и партнерства со институции и поединци коишто активно ќе го промовираат меѓународниот углед на Опатија .

Како што се наведува во соопштението на град Опатија, целта за ваквото назначување на Керим, ќе биде Опатија да се пробие во врвот на престижните конференциски центри во Европа и во светот.

Град Опатија за свој претставник го избра токму д-р Срѓан Керим, еден од своите најеминентни граѓани кој долги години живее и создава во Опатија. Неговото долгогодишно дипломатско искуство сигурно на Опатија ќе и ги отвори вратите на меѓународната дипломатија и ќе влијае на подобра видливот на нашиот град во Европа и целиот свет. На Опатија и треба промоција и сакаме нашиот град да стане препознатлив во европски и светски размери – изјави претседателот на градскиот совет, Фернандо Киригин, за време на свеченоста за назначување на Керим.

Како што истакна граноначалникот, Иво Дујмиќ, очекуваните нови странски инвестиции во градот ќе дадат импулс за развој, но и самата градска управа со ангажирањето личности со меѓународен углед планира да даде свој придонес за афирмација на Опатија надвор од границите на Хрватска.

Во својата долга дипломатска кариера од 40 години живеев во 10 градови, во светски метрополи како Њујорк, Париз, Берлин, Минхен, Лондон, Виеа, Белград и Истанбул. Сум посетил 128 земји и, не зборувам од субјективни причини, Хрватска е една од најубавите земји во светот, а Опатија е бисер на Хрватска и на Медитеранот. Имаме една убава приказна која сакаме да ја раскажеме за Опатија да стане европски конференциски центар. Со задоволство ја прифаќам таа обврска, а најголема професионална сатисфакција секогаш ми биле резултатите. Сакам да придонесам за напредокот од кој и градот и граѓаните ќе имаат полза – порача Керим.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.