Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл денеска полни една година, а гордите родители објавија снимка на која мајка му му чита детска книга.
Арчи на снимката се смешка додека седи во крилото на неговата мајка, а принцот Хари ги снима.
Преслатката видео снимка е направена минатиот викенд во Калифорнија и ги воодушеви фановите, кои истакнале дека Арчи многу личи на неговиот татко.
Снимката овојпат е објавена на Инстаграм профилот „Save the Children“ и е дел од кампањата за собирање средства во која јавните личности читаат приказни.
Претходно и другите членови на британското кралско семејство му го честитаа роденденот на Арчи, меѓу кои биле и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и гордиот дедо, принцот Чарлс.
Арчи е осмиот правнук на кралицата Елизабета Втора, а моментално со родителите живее во Калифорнија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.