Средното училиште „Коста Сусинов“ од Радовиш, органскиот отпад ќе го компостира и ќе произведува биоѓубриво кое ќе го користи за сопствени потреби. Ова средно училиште преку здружението ЦЕЛОР – Центар за локален развој од Радовиш, доби компостери преку кои ќе се подига свеста за селекција на отпадот но и производство на компост објави порталот „Радовишњус“. Компостерите се донација од Мрежата за рурален развој на Република Македонија и ЦНВП Скопје, преку проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“ финансиран од Европската унија.

Преку оваа донација и заедничка акција, здружението ЦЕЛОР и СОУ „Коста Сусинов“ го надминаа проблемот со кои се соочуваше училиштето, односно не поседувањето на соодветни алатки и инструменти за работа кои би го помогнале образовниот процес и практична едукација на учениците за начините на постапување и намалување на органскиот отпад и заштитата на животната средина. Преку демонстрација на практична на примена на едноставни мерки со кои може да се дојде до корисни решенија за редуцирање на отпадот и добивање на продукти од отпадот во форма на био-ѓубриво кое може да се користи за сопствени потреби при одгледувањето на растенија и нивното аранжирање и во училишнот двор, се вели во информацијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.