Вулканот Етна повторно еруптира. Новите ерупции почнаа на почетокот на оваа недела, а вулканот со денови исфрла облаци чад и пепел во воздухот. Лавата што ја исфрли Етна достигна висина и од 1.500 метри, пишува „Гардијан“.

Етна е најактивниот вулкан во Европа, а последната ерупција многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку децении. Последната голема ерупција се случи во 1992 година.

Ерупциите на Етна ретко предизвикуваат голема материјална штета или човечки жртви, па локалните власти не очекуваат оваа ерупција да предизвика големи проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.