Неда Арнериќ, една од најголемите југословенски и српски актерки, која во средата беше транспортирана до Воено-медицинската академија (ВМА) во тешка состојба, сега е стабилна. Најновата вест е дека актерката продолжува да ја добива потребната терапија, таа е будна, нерасположена, а лекарите се блиску до одлуката да ја задржат на лекување.
Неда Арнериќ беше хоспитализирана во ВМА во средата, околу 21 часот, со возилото за итни случаи, таа беше примена на одделот за токсикологија во бесвесна состојба.
Дека нешто не е во ред таа вечер сфатил братот на актерката, кој упорно ѝ ѕвонел на телефон и не можел да ја добие.
Лекарите не сакаат да шпекулираат за причините поради кои на Неда Арнериќ ѝ се слошило.
Во средината на декември минатата година почина сопругот на Неда, д-р Милорад Мештеровиќ, а информацијата за тоа стигна во јавноста во јануари, бидејќи Неда ги извести само најблиските пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.