Сораја Вучелиќ е трудна. Таа чека син, дознава српски Курир.

Вучелиќ го смени животот од корен. Со години е во стабилна врска, па со својот партнер решила да се оствари во улогата на мајка. Таа е влезена во деветти месец, а мал круг на луѓе се упатени во тоа дека наскоро ќе стане мајка.

Тоа го потврдил изворот на Курир.

Сораја одамна се повлече од јавноста и живее поинаков живот. Чека бебе и максимално е посветена на бременоста и доаѓањето на свет на синот. Ужива и не ја интересира ништо друго освен родителството. Штом дозна дека ќе стане мајка, ги изгасна социјалните мрежи и се посвети на семејството- вели изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.