На 48-годишна возраст синоќа почина Ристо Меловски или познат како Ди-џеј Ицко. На социјалните мрежи има голем број на објави од негови познаници, колеги и пријатели.

Најголемата болка ја чувствува неговата сопруга Наташа Меловска, која на социјалните мрежи се прости од својот сакан.

-Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со голем Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.

-Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене.

-Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се соменвај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста, напиша Наташа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.