Емили Николсон (24) од Велика Британија се шокирала кога во 2016. година лекарите и рекле дека има тумор на мозокот – astrocitoma (најчест облик на тумор на мозокот кај возрасните луѓе). една година подоцна прогнозите биле уште пострашни – и рекле дека има помеѓу 12 и 18 месеци живот. Плачела, но продолжила со плановите за венчавка. Сепак, не било се’ така прекрасно…
Свршеникот Џејми Смит (24) ја оставил една недела пред венчавката, и тоа со порака на Фејсбук. Несреќната девојка верува дека тоа го направил бидејќи нагло се здебелила, а причината за тоа биле стероидите кои ги земала како дел од планот на лекување, Тогаш во шест недели се здебелила за пет конфексицки броеви и добила 30. килограми.
„Напиша дека повеќе не сака да биде со мене и дека веќе долго не ме сака. Беше ужасно. Планот беше да се венчаме, но моравме тоа да го одложиме до 2017 година бидејќи одев на операција. Зборувавме дека би можела да замрзнам јајни клетки за да еден ден со помош на вештачко оплодување можеме да имаме деца“, рекла девојката.
„Јасно нагласи дека не ме сака. Чувствував дека тоа е поради мојот изглед и она што се случи. Сега не чувствувам ништо за него.Ме повреди, но нема смисла да се вознемирувам поради тоа. Морам да бидам јака во се“, рекла Емили.
Џејми се брани и вели дека не ја оставил тој Емили туку дека таа го напуштила. Пред страшната болест, Емили била вита и се бавела со моделинг. Него го запознала во Австралија каде се доселила во 2012. година со родителите и братот. Таму работела како менаџерка. Свршеникот бил од Нов Зеланд.
Родителите се посомневале дека нешто не е во ред со неа после серија напади, но во почетокот мислеле дека тоа е поради многу работа и стрес. Се вратиле во Велика Британија и сега на страницата #Gufundme се обидуваат да соберат пари за вакцина, имунотрерапија која би можела да и помогне, а чини 30.000 фунти. Емили веќе успеала да живее подолго отколку што и предвидувале лекарите, а се надева дека со помош на лекот ќе добие уште малку време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.