Нападите започнале на 28 април 1903 година (нов стил) со експлозијата на парабродот Гвадалкивир, експлозивот бил поставен од Павел Шатев. Истата вечер Арсов, Мечев и Трчков поставиле експлозив на возот кој се обраќал Цариград-Солун, оштетувањата биле мали.

Константин Кирков на 29 април поставил мелинит под мостот каде минувале цевки од гасовод кој бил за осветлување и градот се нашол во темнина. Потоа Јордан Поп Јорданов го запалил фитилот со што ја разнесол Отоманската банка.

Трчков и Мечев се обиделе да го кренат во воздух главниот резервоар во фабриката за осветлување но биле спречени од чуварот. По неуспехот тие се разделиле, при што Трчков активирал една бомба во поштата, а Мечев фрлил две бомби во кафеаната Египет.

По нападите тие двајца се забарикадирале во своето живеалиште и речиси цела ноќ се бореле со жандармеријата и војската, пред да се самоубијат тие фрлиле околу 60 бомби.

Меѓутоа нападите продолжиле: Милан Арсов фрлил бомба во кафеаната Алхамбра, Кирков фрлил бомба кај Гранд Хотел, Пингов се обидел да го потпали Бошњак ан по што бил убиен, а Богданов фрлил една бомба пред кафаната Ноњо.

Ноќта на 29 април наспроти 30 април одекнале неколку експлозии, а тогаш загинале Трчков, Мечев и Пингов. На 30 април Јордан Поп Јорданов почнал да фрла бомби од својот стан по што се самоубил.

На 1 мај Цветко Трајков направил обид за убиство на солунскиот валија Хасан Фехми-паша но не успеал по што извадил една бомба ја активирал, седнал на неа и се разнел пред очите на валијата. Последната акција била изведена од страна на Кирков кога се обидел да активира бомба во телеграфската станица но бил прободен од стражарот.

Благодарност до Никола Коленц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.