Колекционерот на уметнички дела, Фостер Фен од Санта Феа, пред неколку години бил во центар на внимание на светската јавност, бидејќи изјавил дека сокрил богатство вредно помеѓу еден и три милиони евра.

Тој во 2010-та година, кога САД бил погоден од светската економска криза, некаде на планините на запад од Северна Америка, сокрил богатство со непроценлива вредност.

Во ковчегот се наоѓаат златници, дијаманти и смарагди, а во зависност од проценувачите, сите скапоцености се вредни од еден до три милиони евра. Богатството се наоѓа некаде во близина на Санта Феа во сојузната држава Ново Мексико.

Некогашниот угледен воен пилот од Виетнамската војна, а сега колекционер и трговец на уметнички слики, одлучил да го сокрие богатството и на некој да му овозможи да се збогати поради тоа што во 2010-та година успешно се излекувал од рак на бубрезите.

Во своите мемоари тој напишал и пoeма, која што барем според неговите зборови, ги крие трагите кои што би помогнале да се пронајде богатството.

Покрај тоа, засега никој не се пријавил дека успешно го пронашол богатството, така што истото и понатаму стои закопано некаде во планините.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.