Вознемирувачко видео од напад врз жена во поодмината бременост ја вознемири австралиската јавност. Инцидентот се случил во кафуле во Сиднеј, кога маж, кој подоцна е идентификуван како Стипе Лозина (43), се приближува кон три жени кои пијат кафе и почнува да ѝ се заканува на едната од нив.

Тој прво ја удира со раце, за потоа крвички да продолжи да ја тепа и гази по главата со нога.

Мажот е приведен, без можност за кауција. Мотивите за нападот се непознати, но се шпекулира дека причината се верски несогласувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.