Шокатно видео се појави на интернет, а наводно направено е во Итната служба на Централната болница во Зеленодолск во руската република Татарстан.
Маж познат само како Владимир, облечен во долна облека, е снимен како се обидува со нож во грбот да излезе од болница за да запали цигара.
На снимката се гледа крвавиот грб со зариен нож, а на прашањето на медицинските лица каде оди, мажот мирно одговорил „Да пушам“.
На пациентот му е пружена цела потребна дијагностика и помош, вклучувајќи и операција, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на прес службата на Министерството за здравство на Република Татарстан.
Засега не е познато како мажот го добил ножот во грб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.