Надзорната камера снимила момент кога една мајка со неверојатни рефлекси успеала да го спаси синот од пад по скали од четвртиот кат.

Снимката од градежната компанија „Монсерат“ покажува мајка и син кои излегуваат од лифт со еден доставувач. Додека мајката чека некој да ја отвори вратата, љубопитното детенце отишло до оградата на скалите и се чини дека ги става рацете на она за што претпоставува дека е стаклена плоча.

Потоа, детето изгубило рамнотежа и почнало да паѓа, но неговата мајка, која во моментот зборувала на телефон, се фрлила преку работ на оградата за да го зграпчи синот, што ѝ успеало.

Доставувачот брзо истрчал на долниот спрат, а вработените од градежната компанија веднаш притрчале напомош штом сфатиле што се случило. За среќа, мајката успеала да го задржи синот и да го врати на сигурно.

Инцидентот се случил во средата во Меделин, Колумбија. Видеото станало вирално на социјалните мрежи и веднаш предизвикало поделени реакции. Некои ги пофалиле рефлексите на мајката, но имало и такви кои ја нападнале бидејќи зборувала на телефон наместо да внимава на детето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.