Овој човек е убеден дека е отфрлениот син на кралската двојка, а сега многумина и му поверуваа. Сајмон Дорант-Деј објаснил дека баба му, мајката на жената што го посвоила, му кажала дека негови вистински родители се принцот Чарлс и Камила. Таа работела во Бакингемската палата и смета дека нејзиниот внук ја заслужува вистината.
Сајмон Дорант-Деј (55) со години тврди дека принцот Чарлс (72) и Камила Паркер-Боулс (73) му се родители, а пред неколку дена објавил фотографија која многумина ги уверила дека тоа е вистина. Имено, Сајмон споделил слика од неговиот син Лиам и кралицата Елизабета Втора во своите 20-ти години.
Многумина се согласија дека синот на Сајмон многу личи на Елизабета.
„Да, ја гледам сличноста. И со семејството на принцот Филип и со остатокот од кралското семејство.“
„Мислам дека личите на Филип. Убаво би било кога луѓето би го виделе ова, би биле на твоја страна.“
„Има премногу сличности помеѓу тебе, твоите деца и другите за тоа да биде само чиста случајност или теорија на заговор.“
„Ова е луда сличност“, коментирале следбениците на фотографијата.
Инаку, Сајмон живее во Квинсленд со своето семејство, а роден е во април 1966 година во Портсмаут. Го посвоило семејство од околината на тој град, кое е поврзано со кралицата Елизабета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.