Британецот Ендру Кларк добил една од најголемите награди на лото во историјата на земјата, 76 мил. евра, а ливчето без да знае со денови го возел во кеса за ѓубре во своето комбе кое за среќа не ја фрлил веднаш.

Тој го проверил ливчето само затоа што неговата внука му досадувала да го побара ливчето, бидејќи било објавено дека некој ја добил наградата, но не си ги подигнал парите.

Триш цело време ми зборуваше да си го проверам ливчето бидејќи ја ја чула веста дека добитникот е извлечен, изјавил Кларк.

На крај попуштив, почнав да барам низ купот ливчиња во кесата и да ги проверувам почнувајќи од лото ливчињата, па се до евромилион ливчињата.

Токму едно од тие зафрлени „еуромилион“ ливчиња му донеле вистинско богатство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.