Несовесен сопственик кој го напуштил своето куче заработи казна од 500 евра во денарска противвредност. Тој ја напуштил кучката заедно со уште три кучиња кои биле нејзин подмладок, а пред инспекциските служби потврдил дека е сопственикот.
Казната му е изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и е најверојатно прва во земјава. За случајот информираа и од АХВ. -Во конкретниот случај, казната е изречена врз основа на поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните, која го вдомила кучето, а која по неколку месеци, истото го нашла напуштено заедно со уште три кучиња, нејзин подмладок.
Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, зашто немал поднесено пријава.
По пронаоѓањето, кучката која според претставниците на невладината организација чека вдомување во Англија, била повторно згрижена од нивна страна и стерилизирана, а нејзините кучиња се вдомени – информираат од агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.