Нетрпеливоста во британскиот двор не престанува да ја забавува јавноста, а после безброј натписи за нетрпеливоста меѓу двете јатрви, Меган Маркл и Кејт Мидлтон, се чини дека вистината е сосема поинаква.

Божиќ во кралското семејство, посебно заедничкото одење во црква, беше под посебна лупа на јавноста, најмногу поради односите кои од ден во ден се повеќе ги забавуваат обожавателите на најпознатото британско семејство. Според извори блиски на семејството, по наредба на кралицата Елизабета и принцот Чарлс, двете војвотки на своите лица морале да ги стават најдобрите маски и да одглумат дека меѓу нив нема никаква нетрпеливост.

Меган и Кејт со сите сили се трудат да прикажат како тие двете добро се сложуваат, а претставата за јавноста, ги насмеа сите.

Се разбира, експертите за говор на телото веднаш открија се, но она што ја одушеви јавноста е снимката на која двајцата браќа и нивните сопруги произлегуваат од црквата света Марија Магдалена.

На сите им е јасно дека несогласувања постојат, но во ценатрот на судирот, не се двете јатрви, туку Меган и и нејзиниот девер, Вилијам. Имено по излегување од црквата, војвотката од Сасекс се нашла веднаш крај идниот крал, па решила да започне конверзација со него, но тој целосно ја игнорирал, преправајќи се дека има проблем со шалот, залудно обидувајќи се да го поправи, а потоа брзо се повлекол, како неговата сопруга Кејт би застанала меѓу нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.