Мистериозно летало, кога тргнавме да го пресретнуваме, се однесуваше како да е во војна, им сметаше на воените радари, се движеше како нешто што не сме виделе порано, изјави пензионираниот американски воен пилот, Дејвид Фревор, за блиска средба со НЛО над Калифорнија.

Тој веќе со години тврди дека на 21 ноември 2004 година забележал чуден објект во облик на „тик-так“ кој изведувал маневри какви што досега не видел.

Не сум луд, не бев пијан. Тоа не беше од овој свет. За 18 години видов речиси сè што можев да видам на ова поле, но тоа не наликуваше на било што што дотогаш сум видел, рекол Фрејвор.

Снимката од таа „средба“ е објавена во 2017 година, а Пентагон претходно оваа година ја тргна ознаката за доверливост од неа. Во разговор со научникот Лекс Фридман, пилотот повторно се присетил на тој настан.

По слетувањето, тој му ја спомнал ситуацијата на својот колега Чед Андервуд, кој на својот радар се обидел да го утврди движењето на леталото и со тоа да му влезе во траг, но сè се закочило. Фрејвор тврди дека, доколку им сметате на нечии радари – тоа е технички воен акт.

Поранешниот пилот е убеден дека мистериозното летало изведувало маневри кои не ѝ се познати на технологијата која ја познаваме.

Не сакам да зборувам за малите зелени суштества, но мислам дека ние не сме го создале ова. Мислам дека некои работи можете да ги криете одредено време. Ова е огромен скок во технологијата, заклучува Фрејвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.