Додека многу наши сограѓани се подготвуваат пеколните денови да ги поминат на море во Грција, мора да се наведат и опасностите кои демнат на плажите кои им се омилени на македонските туристи. Иако за многумина тоа значат измамите, кражбите и другите криминални дела, опасноста е често многу поблизу, само на чекор од удобната лежалка на сонце. Најнова снимка од една грчка плажа ги запрепасти сите. На неа се гледаат две змии во лута борба покрај лежалките, кои на момент излгедаат како двоглава змија, која излегува од песокта. Сигурни сме дека после ова добро ќе обрнете внимание кога газите по врелиот песок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.