Датумот на погребот на Шабан Шаулиќ сѐ уште е непозат бидејќи најпорво мора да минат сите процедури околу обдукцијата, неговото тело да биде пренесено во Србија, па дури потоа да биде испратен во вечното почивалиште. Најверојатно семејството, пријателите, обожавателите ќе се простат од Шаулиќ во петок. А непознати луѓе од Босна побрзаа да заработат од погребот на познатиот пејач.

Според фотографиите и понудите кои многу брзо почнале да се шират на социјалните мрежи, се нуди заминување на погребот на Шабан по цена од 40 конверибилни марки, или околу 20 евра, пари во кои има вклучено и „ланч пакет и посета на Куќата на цвеќето на Дедиње“, јавуваат медиумите од соседството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.