Семејството Вајлд од Велика Британија уживало во празничната идила покрај новонакитената новогодишна елка, кога оддеднаш забележале дека нешто мрда зад лампионите. Додека двете деца се восхитувале на елката, од позади лампионите ѕирнала опасна отровна змија.
Само што ја накитивме елката и децата ги редеа подароците под неа, пред да ги запалиме светилките. Мојата сопруга Марсела тогаш ги забележа нашите две мачки и рече дека можеби имаме глувци во куќата затоа што не го тргале погледот од дрвото, рекол Роб Вајлд за „The Sun“.
Неговата сопруга тогаш наеднаш извикала „змија!“, а кога ја виделе одблиску и побарале на „Гугл“ за која змија станува збор, им било јасно дека е отровна. Се работи за таканаречена змија „бамсленг“ со потекло од Сахара.
Тие побарале помош од Агенцијата за контрола на животни, од каде специјалистот за змии ги предурпредил да не ја пуштат да се симне од елката додека тој не пристигне, а тоа траело околу два часа. На крајот драмата завршила среќно и отровницата безбедно била уловена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.