Полицијата на градот Ричланд во сојузната американска држава Вашингтон минатата среда објавила фотографија од осуденикот Антони Акерс, барајќи информација за него. Она што веројатно не го очекувале е тој самиот да реагира на постот, но Акерс за кратко искоментирал на објавата.

Смирете се, сам ќе се предадам, напишал тој во коментарот кој има над илјада реакции.

Откако Антони им ветил дека ќе се предаде за 48 часа, тоа не се случило, па полицијата повторно објавила уште еден пост на ФБ, на кој осуденикот одговорил.

Се извинувам што не си го одржав зборот. Ќе бидам во станицата најдоцна со утре попладне. Доколку не дојдам сам, ветувам дека ќе ве повикам да ме земете, напишал Антони меѓу другото.

Потоа и самиот Акерс објавил фотографија од него во полициската станица како потврда дека се предал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.