Еден Англичанец се нашол во многу непријатна и незгодна ситуација на работното место, кога случајно бил сведок на сексуална афера меѓу негова колешка и шефот.

Како што објавуваат англиските таблоиди, човекот се наоѓа во непријатна ситуација и е соочен со губење на работното место.

Јас сум 27, а таа 35 години. Работиме за мала градежна компанија и секогаш имавме добра атмосфера на работа, но сето тоа се смени кога стариот шеф се пензионираше, а неговиот син дојде на таа позиција. Тој е 40-годишен кој постојано им додева на жените без срам – ја почнува човекот својата приказна.

Како што вели тој, само што дошол, новиот шеф почнал да флертува со неговата  колешка, која првично го одбивала, но шефот станувал се поупорен.

Тој почна постојано да ја бара на мобилниот телефон, а таа секој пат излегуваше да разговара со него. Почна да се облекува многу провокативно, со мини здолништа и високи потпетици, како да се подготвува за излегување, а не за на работа. И тогаш еден ден влегов во канцеларијата на шефот и ги начекав како таа лежи расоблечена на масата, а тој ги имаше панталоните спуштени. Не мора да бидете генијалец за да заклучите што се случува. Истрчав надвор, а следниот ден се соочив со неа – вели Англичанецот.

Разговорот со колешката што следувал наредниот ден, целосно му ја променил позицијата што ја имал на работното место.

Таа ми призна дека двајцата имале афера и додаде дека првично се спротивставувала на тоа, но дека на крајот се согласила кога тој и ветил поголема плата. Тоа не и беше доволно, па ми кажа дека нивниот секс бил одличен, по што ми понуди шокантен избор. Или да молчам за сè што сум видел или ќе се погрижи да ме отпуштат доколку кажам некому за аферата – вели човекот.

како што објаснува тој, тоа не било крај на неговите маки, туку од ден работите станале уште полоши за него..

Двајцата веќе не комуницираме, а јас морам да го работам најголемиот дел од нејзината работа. Таа дури доби и роденденски бонус, а јас не можам да земам ни еден слободен ден. Таа ме уценува со отказ од шефот и не знам што да правам. Неизвесноста ме убива – заклучува Англичанецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.