Испраќањето на американски астронаути на Месечината до 2024 година е неизводливо поради значителни одложувања во развојот на вселенските костими.
Генералниот инспектор на НАСА, Пол К. Мартин, во новиот извештај, заклучува дека иако НАСА потроши повеќе од милијарда американски долари за вселенските костими од „следната генерација“, „костимите нема да бидат подготвени за летање најрано до април 2025 година“ и дека се „далеку од готови“.
Целта за слетување на првата жена и следниот маж на Месечината првично беше поставена од Администрацијата на Трамп за 2028 година, а потоа тоа се премести за ноември 2024 година. Администрацијата на Бајден го одобри тоа, а во барањето додаде да ја има и првата „небела“ личност – патник на Месечината.
Извештајот го припишува одложувањето на недостатокот на средства, влијанијата на Ковид-19 и технички предизвици. Во моментов има 27 различни компании кои обезбедуваат различни компоненти за костими, па Илон Маск од „Спејс-Икс“ на Твитер изјави дека овој потфат изгледа „како да има премногу готвачи во кујната“, додавајќи дека неговата компанија „може да го стори тоа доколку е потребно“.
Актуелниот администратор на НАСА, Бил Нелсон зборуваше за (не)подготвеноста за 2024 година во неодамнешно интервју за Си-ен-ен.
Јас сум трезвено реален. Целта е 2024 година, иако ќе биде тешко. Има фактор број 1, а тоа е безбедноста, и ги вклучува луѓето. Може да има одложувања, но целта е крајот на 2024 година – изјави тој.
„Спејс-Икс“ во април доби договор од НАСА во вредност од 2,9 милијарди долари за развој на програмата „Артемида“, за слетување на Месечината. Меѓутоа, реализацијата на овој договор е одложена поради жалбите на два конкурента, „Блу ориџин“ и „Дајнетикс“, а тоа влијаеше на одложувањето.
Инаку, од НАСА ја развиваат таа технологија веќе 14 години.
Во овој миг, астронаутите користат ЕМУ-костими дизајнирани пред 45 години за Програмата за вселенски бродови и се потпираат на овие обновени и делумно редизајнирани вселенски костуми за вонредни активности на Меѓународната вселенска станица – се вели во извештајот.
Во извештајот се нагласува и дека неуспехот да се изработат костимите пред планираната мисија за ноември 2024 година, позната како „Артемида 3“, не е единствениот фактор што влијае на одлложувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.