Американската актерка Алисон Мак, која се прослави по улогата во тинејџерската серија „Смолвил“ ја признала вината за учествување во присилување на секс и физичка работа во внатрешноста на сектата Нексијум.

Таа се појавила пред Федералниот суд во Бруклин плачејќи цело време. Ја признала вината дека учествувала во уценување и завера, вклучувајќи изнуда и присилување на работа. Како што претходно медиумите пишувале, таа присилувала жени да ги задоволуваат сексуалните барања на лидерот на култот Кит Ранијер.

За опасната секта се дознало во 2017 година, кога оваа приказна прв ја објавил Њујорк тајмс. Алисон наводно била десна рака на Ранијер. Нејзината улога била да наведува нови жртви во сектата и да ги носи кај лидерот. Тие таму биле присилувани на физичка работа и секс, а притоа биле вербално понижувани, па дури и жигосувани со негови иницијали.

Жените биле изгладнувани додека не ја постигнеле телесната тежина која лидерот сметал дека е идеална. Исто така биле фотографирани голи. Раниер во 2003 година започнал со работилници во кои, меѓу другото говорел дека мажите треба да имаат повеќе сексуални партнерки, а дека жените мора да бидат моногамни.

Бев изгубена. Преземам целосна одговорност за своето однесување. Искрено жалам поради својата улога во овој случај. Жалам поради своето семејство и добрите луѓе кои ги повредив, бидејќи бев заслепена од учењето на Кит Раниер, рекла Мак, која признала дека била членка на тајната група наречена ДОС, во внатршноста на групата. Признала дека држела жени во ропство и дека им наредувала да извршуваат услуги за неа.

Бев членка на тајното друштво кое го основаше Раниер. Криев дека тој е лидер на ДОС. Му верував на неговите намери, мислев дека сака да им помогне на луѓето, но бев во заблуда – рекла Мако на суд и ветила дека ќе стане подобра личност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.