Во српскиот град Крушевац полицијата добила информација за прослава на Православната нова година во семејна куќа во селото, а се слушала и гласна музика. Еден од гостите успеал и да го документира тој момент, при што направил видео. На видеото се гледа како на веселбата има 12 луѓе, од кои дури 4 се музичари.
Сопственикот на куќата не сакал да ја прекине забавата, напротив, се обидел да ја избрка полицијата од својата куќа.
Откако тие решија да постапат според закон, настана мешаница и летаа боксови на сите страни.
Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца од присутните се уапсени. Станува збор за Д.Р. и Н.Р., ќе добијат кривични пријави за напад на службено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.