Од ден во ден во јавноста се појавува по некој нов детал од истрагата на хеликоптерската несреќа во која животот го изгуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајат.

Откако се појавија податоците дека сите девет лица подлегнале на таканаречени тапи повреди настанати кога хеликоптерот удрил во земја и експлодирал, стигна информацијата дека пилотот Ара Зобајан не бил под влијание на алкохол, дрога и други стимулативни средства.

Прециззните резулатати од крвта на сите девет загинати покажале дека само една личност користела лек за стимулација на нервниот систем. И тоа токму Коби Брајант, кој во смртта замина заедно со ќерката Џија. Во крвта на кошаркарот пронајдени се траги на метилфенид, кој служи како лек за контролирање на хиперактивноста и нарколепсија.

Извештаите за несреќата се брутално детални. Покажале колку бил силен ударот опишувајќи ги скршените коски на патниците, разделените делови на телата, како и смрдеата од горивото на остатоците на облеката која горела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.