Скопјанецот Назми Акташи е умешниот риболовец кој деновиве во водите на Вардар, во близина на Велес уловил сом капиталец поголем од два метра и тежок 82 килограми.

За овој риболовен подвиг објавија на Фејсбук страницата на Тирековмирече, каде што споделија и видео од Назми со неговиот улов.

Во реката Вардар, во близина на Велес, изминатиот викенд е уловен сом капиталец, долг 2 ,1 метар и тежок 82 килограми.

Сомот бил уловен од скопјанецот Назми Акташи, на кого риболовот му е хоби – се наведува на објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.