Документарецот под името „Being me: Diana“, која се најавува на Нетфликс, се занимава со мрачната страна на животот на најомилената принцеза во историјата – нејзините проблеми поврзани со менталното здравје, пореметувањето во исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс, но и тешкото детство. Документарецот наводно ќе се прикажува во четири дела, а британски „Сан“ пишува дека во него има тврдења оти Дајана се обидела да си го одземе животот во четири наврати.

Во документарецот наводно ќе се прикажат досега невидени снимки од Дајана од почетокот на деведесетите, а пред камера ќе застане и некој од нејзините најблиски соработници.

Членовите на кралското семејство, како и членови на семејството Спенсер, ќе одбијат да бидат дел од документарецот. Вилијам и Хар ова ќе ги погоди. Хари особено, зашто соработувал со Нетфликс на неколку проекти, вели извор за „Сан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.