Малата свадбена веселба на заљубена двојка од Вергато, Болоња, заврши со карантин за сите триесетина гости, откако невестата го добила својот позитивен тест на коронавирус.
За време на венчавката сите бевме на сигурна оддалеченост. Бев присутен јас, уште двајца вработени, сведоците, а родителите седеа најназад, изјави Стефано Поци, главниот на матичната служба во Вергато.
Но, после склучувањето на бракот, била организирана веселба во приватна сала.
Невестата, која е медицински работник, неколку дена по свадбата била на задолжителното редовно тестирање за медицинските лица, а тестот бил позитивен.
Сватовите веднаш биле контактирани за да ги превземат сите мерки за заштита, но она што ги загрижило е што 12 од нив патувале од Тревизо, така што сите гости сега се во карантин и под надзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.