Патничка од лет на релација Анталија – Киев, „се прошетала“ по крилото на авионот, го отворила излезот за итни случаи и оттаму влегла внатре, соопшти компанијата „Интернејшнл ерлајнс“ од Украина.
Необичниот настан се случил пред авионот да полета. Командантот на летот, во согласност со упатствата, веднаш ги известил Службата за безбедност во воздухопловството, Граничната служба, полицијата и медицинскиот пункт на аеродромот Бориспол.
Жената била трезвена, а авиокомпанијата ја смести на својата „црна листа“ на патници, на коишто им се забранети услугите на таа компанија.
Полицијата и лекарите се обидоа да ја разјаснат причината за оваа постапка, но не добија соодветен одговор. Наводно, нејзе ѝ било многу топло. Утврдено е дека жената не била под дејство на алкохол или наркотични средства.
Таа, инаку, се враќала од одмор со сопругот и двете деца.
Настанот бил снимен од други патници и објавен на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.