Фудбалерот Огњен Врањеш во Атина приреди гала журка по повод неговиот 30 роденден, и петтиот роденден на неговата ќерка, на која специјална гостинка му била Цеца Ражнатовиќ. Сега почнаа да испливуваат пикантерии од прославата, меѓу кои и дека славеникот и неговите соиграчи делумно се соблекле, но и дека неговата поранешна сопруга Данијела, носела перика со која неверојатно личела на некогашната љубовница на Врањеш, Јелена Карлеуша.
Прославата почнала околу 20 часот, кога во еден од најелитните ресторани на Глифада почнале да пристигнуваат гости, не само од главниот град на Грција, туку и од цела Европа. Огњен се сместил зад бината и за време настапот на Цеца, не го симнувал погледот од неа. Бил насмеан и ги пеел сите нејзини хитови. Откако Цеца го завршила својот блок и заминала во хотелот, настанал вистински хаос. Фудбалерот на полноќ ги изгаснал свеќичките, и почнала лумперајката. Фудбалерот ја покажал својата пејачка умешност, па пеел во дует со Наѓа, кинејќи ја својата кошула. Неговиот пример го следеле неговите соиграчи и пријатели, па сите биле голи до половина.
Неговата поранешна сопруга Данијела цело време била крај ќерката, а имало и такви кои не ја препознале. Се појавила во зелена паж перика, па многумнина што ја виделе искоментирале дека невероајатно потсетува на Карлеуша, поради која и се разведе од Огњен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.