Емануел Иванишевиќ (12), синот на поранешниот славен хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, е сериозно повреден во автомобилска несреќа која се случила во Загреб. Во автомобилот, тој бил со манекенот и музичар Влахо Арбулиќ (29). Тој за сплитска „Слободна Далмација“ изјавил дека возачот кој ги удрил поминал на црвено, а од силниот удар, автомобилот во кој бил Иванишевиќ удрил во ѕид.

Емануел има тешки повреди на главата, но лекарите се оптимистични.

Тргнав по Емануел откако му заврши тенискиот тренинг. По сударот, се отворија воздушните перничиња, а јас истиот момент скокнав накај него, го земав во раце и го изнесов надвор“, додал возачот, пријателот на Иванишевиќ.

Во моментов, во болница со Емануел е неговата мајка, Татјана Драговиќ. Горан Иванишевиќ не е во Хрватска, но е на пат накај Загреб за да биде блиску до синот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.