Синот на фолк пејачот Синан Сакиќ, Рашид, е уапсен откако во градот Лозница претепал и ограбил кројач. Рашид заедно со пријател влетале во салонот на кројачот, го претепале и ограбиле, а потоа мирно заминале во кафеана и нарачале пијалок. Полицијата ги уапсила додека пиеле , откако кројачот се прибрал и ги пријавил, јавуваат српските медиуми.

Рашид, кој е најстар син на пејачот бил приведуван уште како малолетник и тоа поради насилничко однесување, нанесување тешки повреди, обид за убиство и изнуда. Во една од акциите на српската полиција бил приведен и како еден од шефовите на организираниот криминал во Лозница.

Кон средината на април минатата година бил пуштен од затвор по одлежаната 12 годишна затворска казна поради убиство и обид за убиство.

По неговото излегување од затвор, на 1 јуни почина неговиот татко ,познатиот фолк пејач Синан Сакиќ на 62 годишна возраст.

Познато е и дека пејачот само еднаш го посетил синот додека бил во затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.