Денеска времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утре во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.
Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура.
Прогноза за 19.03.2019
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 16°С до 23°C
Претпладне сончево и топло, попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.
Прогноза за 20.03.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.
Прогноза за 21.03.2019
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно и постудено со умерен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.